Бизнис инкубатор за женско претприемништво
Состојба: Индексот на женско претприемништво во Македонија за изминативе 10 години во просек изнесува 26% и е најнизок споредбено со земјите од регионот;
Долгорочни / стратешки цели: Зголемен бројот на жени – претприемачки / зголемена претприемничката активност на жените на локално ниво / намалени родови разлики во ресорот/намалена стапка на невработеност, поголема искористеност на расположливите ресурси, поголема ангажираност на расположливите капацитети/ зголемена стапка на економски раст;
Проектни / конкретни активности: ЕТАБЛИРАЊЕ НА БИЗНИС ИНКУБАТОР ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО кој ќе обезбедува:
1). Административна поддршка за регистрација на фирма;
2). Обуки од областите: изработка на бизнис план, менаџмент, управуање со финансии, патентирање на иновации и креативни идеи…;
3). Олеснување на пристапот до финансии: промоција на расположливи извори на финансирање ( комерцијални банки, државни мерки и фондови), промоција на алтернативни извори на финансирање (лизинг, краудфандинг, франшизинг, меѓународни фондови) и администрстивна подршка за аплицирање;
4.) Креирање на локална мрежа (а подоцна и регионална мрежа) за женско претприемништво која ќе обезбедува: хоризонтално и вертикално вмрежнување на партиципиентите, изнаоѓање на бизнис партнери, заеднички настап и економија од обем, размена на искуства, знаења и идеи.
Носители: Локална самоуправа, Стопанска комора, бизнис здруженија, комерцијални банки, високо образовни институции, АВРМ, ЦР, Министерство за економија, Министерство за финансии, Здруженија активни во областа на родова политика…
Буџет: Внатрешни ресурси на Локална самоуправа, државни и меѓународни фондации, донации…
Рок: Континуирано
Предлагач: Доц Д-р Данче Николовска Вратеовска
Роберт –
…
Тања –
…
Ана –
…
Ана –
…
Миле –
…Браво
Маринела –
…