Старт-ап Инкубатор за млади претприемачи

На Штип под итно му е потребен Старт-ап Инкубатор по теркот на европските бизнис инкубатори каде што младите ќе можат да ги развиваат своите бизнис идеи, да отвараат свои старт-ап компании. Овој инкубатор првенствено да биде за апсолвентите и дипломираните студенти од Универзитетот “Гоце Делчев”, а изградбата на ваков објект не би чинела многу пари, може да биде и со јавно-приватно партнерство (Универзитетот/Општината/Приватен инвеститор). Ќе се финансираат најдобрите бизнис идеи од секоја област (без да се форсира само ИТ секторот како што прават некои инкубатори во Македонија). Колку повеќе компании во општината, толку повеќе пари прилив за самата општина и секако повеќе пари за инфраструктура и капитални проекти. Само на овој начин ќе се спречи одливот на мозоци т.е иселување на високообразовани млади/студенти од државата. Идејата ја имаме развиено на доста високо ниво, потребно е само да има желба за реализација од локалните власти.

Предлагач: Зоран

1593
Категорија: Ознаки:

Оценки

Сè уште нема оценки.

Бидете прв што ќе даде оценка за идејата: Старт-ап Инкубатор за млади претприемачи

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.