Изработка на Детален урбанистички план на улица АСНОМ и по усвојување на Деталниот урбанистички план отпочнување со изградба на пат, водовод и канализација
Во текот на месеците Јули, Август, Септември и Октомври 2021 година, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, во рамки на Проектот „Инклузија на роми“ преку мобилизаторот на заедницата за Општина Штип Хусеин Еминов, спроведе прашалник каде беа опфатени потребите и барањата на Ромската заедница од Општина Штип. Во консултација со 200 Ромски домаќинства од општината и по формирање на три Фокус групи каде беа дискутирани повеќе теми кои ја засегаат ромската заедница произлегоа низа на предлози со цел истите да бидат вклучени во предлог буџетот на општината за 2021 година. Имено, улица АСНОМ е голема улица составена од повеќе краци (АСНОМ Крак бр.1, АСНОМ крак број. 2, АСНОМ Крак број.3). Најголемит дел од оваа улица е без изработен Детален урбанистички план (Детален урбанистички план има само на главниот пат кој ја поврзува населба Леваци до Мирјанина Црква) и во однос на решавање на овој проблем не се преземени сериозни зафати од страна на Општината. Следствено по усвојување на Деталниот урбанистички план предлог на заедницата е изградба на пат, водовод и канализација. Во населбата АСНОМ живеат повеќе од 200 домаќинства.
Предлагач: Хусеин Еминов
Сунчица –
…