Ликовна колонија

(1 оценка)

Штип е град кој нема ликовна колонија. Станува збор за културна манифестација во која уметниците создаваат дела кои остануваат за градот или институциите во градот. Ова функционира така што се покануваат уметници од странство (Србија, Бугарија, Албанија итн) како и домашни уметници од Македонија и локално од град Штип. Целата манифестација трае 7-10 дена. Локацијата за творење на уметниците како и сместувањето може да биде во центарот на Штип, локалитет Баргала, Плачковица (планинарски дом Вртешка). По завршувањето на колонијата се отвара изложба со каталог.

Предлагач: Дејан Марков

1597
Категорија: Ознаки:

1 оценка за: Ликовна колонија

  1. Анастасија Петрова, дипл. сликар со конзервација и реставрација, магистрант на ФОН при УГД

    Почитувани, сметам дека идејата на проф. Дејан Марков е одлична, а воедно претставува начин за обединување на уметниците ширум Македонија и регионот. Добиваме позитивна атмосфера, развој и поддршка на уметноста и уметниците. Уметниците ќе го запознаат Штип, а ние како домаќини ќе им го претставиме во најдобро светло.

Оценете го предлогот.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.