Зголемена општествена одговорност на компаниите

(2 оценки)

Општествената одговорност на претпријатијата претставува одговорност на претпријатието за влијанието на неговите одлуки и активности врз општеството во кое тие се развиваат.Општествената одговорност на компаниите не претставува само еден вид на донација, таа претставува начин како најодговорно да се однесува во едно општество а со тоа компанијата си помага и на самата себе и на самата заедница. Со зголемување на општествената одговорност самата компанија ќе искористи неколку поволности меѓу кои и:

– полесен пристап до кредити и грантови.

-развој на брендот на компанијата.

-поголема рапутација на сопственикот на компанијата.

-привлекување на поквалитетни и поодговорни вработени во комапнијата и нивно доусовршување.

-задоволни клиенти, односно поголеми финасиски придобивки за компанијата, а со тоа поголеми даноци и спрема општината и спрема државата.

Преку обезбедени средства од компаниите на годишно ниво и формирање на координативно тело, средствата би се користеле за различни цели во општеството како на пример:

-поддршка на младите таленти и нивно усовршување.

-обезбедување и усовршување на градските библиотеки.

-поддршка при размена на студенти со студенти од други држави.

-Поддршка за повторно оживување на школска олимпијада .

-Организација на ескурзии за дечињата со попреченост и нивните родители.

-И многу други поволности за граганите во општина Штип.

Предлагач: Изабела Монева Николовска

1591
Категорија: Ознаки:

2 оценки за: Зголемена општествена одговорност на компаниите

  1. Видан

    Одлична замисла!

  2. Tanja

Оценете го предлогот.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.