Совет на Екс Градоначалници
Без разлика дали некој екс- градоначалник работел (доволно) добро или не, без разлика дали ни се допаѓал или не, без разлика од која партија бил – работел за градот и има искуство и знаење кое треба да се цени, вреднува и искористи. На пример: Зоранчо Алексов се покажа како визионер иако на терен потфрли. Илчо Захариев на терен одлично одработи и го среди центарот на Штип. Бочварски како градежен инженер среди некои работи како на пример нивелирањето на шахтите и го доврши/спроведе проектот замислен од Алексов со платформите. И актуелниот градоначалник Николов сигурно ќе има како да придонесе во советот на екс градоначалници откако нема повеќе да биде градоначалник. (Во тој контекст ќе биде важно и Сашко Николов да се изјасни за оваа идеа. Дали би ја спровел ако повторно стане градоначалник и дали ќе прифати да биде дел од советот ако не победи).
Добро ќе биде доколку постојат правни можности „Советот на Екс Градоначалници“ да стане дел од правните акти на општината и обврска на секој иден градоначалник. Советот би можел да се одржува еднаш на три месеци и состаноците може да бидат и онлајн. Во тој контекст добро е сите кандидати сега пред избори да се изјаснат дека/дали би прифатиле да бидат дел од советот кога ќе станат Екс градоначалници.
Буџет: 0(нула) денари
Рок: Веднаш
Предлагач: Златко Бежовски
Роберт –
…
Наташа –
…
Todor –
…
Васка –
…
Ace –
…