
Предлог за прослава на 8-ми Април – меѓународниот ден на Ромите
По повод одбележување на 8-ми Април – меѓународниот ден на ромите се со цел промоција и презентација на вековната ромската култура и традиција во Македонија предлагам за 8-ми Април по улиците на Штип да има марш каде марширањето ќе го вршат луѓе облечени во традиционална ромска носија почнувајќи од поранешен Радански пат (палестина) па се до плоштадот „Слобода“ – Штип. После маршот кој планираме да трае 90 минути, како следна активност е настан во Домот на Културата „Ацо Шопов“ – Штип каде: 1. Ќе се организира наградување на трите најубаво облечени учесници на маршот, 2. Ќе има програма каде ќе се бира мисс 2022 година на најшармантен ром и ромка и 3. Театарска претстава организирана од страна на театарската група „Мртва Инфузија“. (На театарската престава ќе бидат презентирани моменти од ромското секојдневие – секојдневниот живот на ромите и негово подобрување).
Предлагач: Идрис Зејнелов
Оценки
Сè уште нема оценки.