Детско игралиште за рекреација и спорт
Мој предлог за уредување на место кај завршеток на улица Питу Гули број 33 кај раскрсницата што води накај улица Цар Самоил има место за детско игралиште. Децата од овој дел на градот нема каде да се рекреираат, а ги има доста на број и си играат на улица со што е загрозен и сообраќајот. Плус да се надоврзам има и многу пензионери што летно време шетаат по улицата и си разговараат т.е. се релаксираат со муабет и смеа во пензионерските денови. Да се постават и неколку клупи за одмор и релаксација. местото за кое Ви зборувам сега изгледа како купишта земја и мини депонија, обрасната со трева и грамушки. Се надевам дека мојот предлог ќе ви се допадне и со тоа ќе решите еден долгогодишен проблем плус овој дел од градот ќе заличи на една современо уредена населба.
Предлагач: Драганче Ристов
Оценки
Сè уште нема оценки.