Детски игралишта за сите деца
Ќе создадеме незаборавно детство за сите деца, независно од нивната финансиска, социјална или здравствена состојба. Сите деца во Штип имаат еднакво право на раст и развој и ние како локална самоуправа ќе им обезбедиме инклузивни игралишта со кои ќе влијаеме позитивен психо -физички раст и развој на децата. Нашата цел ќе биде да обезбедиме детски игралишта во: Ново Село, Дузлачки рид, Три Чешми, Балканска, Чардаклија, Автокоманда, Железничка, Македонка, Баби, кај Промаја, во 8ми Ноември помеѓу зградите, кај СОУ „Јане Сандански“, на улиците:„ Димо Хаџи Димов“, „Васил Доганџиски“, „Пиринска“, „Сремски Фронт“, „Ванчо Китанов“,„ Борис Крајгер“, „Митко Недев“ и во
многу други населби и улици.
Начин на финансирање: Буџет на Општина Штип, Меѓународни фондови
Рок на реализација: 2025 година
Извор: Изборна програма
Natasha –
…
Раде –
…Мазги Маало под Медицинското школо таму детско игралиште е планирано 15тина години!