Полначи за ел. возила и адекватно обележување на местата за ел. возила
Да се постават полначи за електрични возила во поголемите населби како Сењак и 8ми Ноември. Со поставувањето на овие полначи ќе се помогне за издигање на свеста кај граѓаните за преминување на електрични возила со цел поевтин транспорт, почиста околина (и паркинзи без масло од моторни возила), како и помалку бучава. По краток разговор со лице од ЕВН, за проектот ЕВН е-мобилоност, ми беше посочено дека за да постават полначи, потребно е Општината да достави барање до ЕВН. На ваквите полначи потребно е адекватно обележување на паркинг просторот со што ќе биде видливо и јасно дека возила кои не се на електричен погон и НЕ полнат не треба да ги зафаќаат. Само возила кои ПОЛНАТ смеат да бидат паркирани. Полначите од ЕВН имаат јасен индикатор кој покажува дали приклученото возило се полни во моментот (свети сино). Како додаток на овој предлог, сакам да предложам и адекватно обележување на паркинг местата кај сегашниот полнач за ел. возила, кај Општинската зграда, од спротивната страна на р. Отиња – веднаш пред зградата на Универзитетот „Гоце Делчев“. Се надевам дека ќе биде разгледано моето барање и ќе биде земено во предвид во понатамошниот развој на градот.
Предлагач: Дарко Ефремов
Stole –
…
Трајче –
Исто така може сите хибрид/електро возила да бидат ослободени од плаќање на паркинг