Меки реформи за Ефикасна Администрација
Рак рана на секоја општина е гломазната и неефикасна администрација. Освен неефикасноста администрацијата голта и огромни средства од буџетот. За ваквата состојба граѓаните ги обвинуваат политичките партии иако ваквиот проблем е и социјален бидејќи тешко се менаџираат последиците од евентуални отпуштања.
Реформите на администрацијата може да бидат болни но некогаш мора да се почне. Овој проект, за да има полна смисла и реална остварливост треба да се решава долгорочно и со консензус на сите партии вклуени во советот. Овој консензус најдобро е да се потпише пред избори бидејќи по изборите партијата со мнозинство ќе нема интерес/волја/капацитет нити ќе потпише таков консензус.
Меката реформа на администрацијата треба да се одвива во неколку фази:
1. Мораториум за вработувања до донесување на стратегија и план за вработувања
2. Стратегија и долгорочен план за кадровска политика
3. Мапирање на тесните грла и дефинирање на момнетално потребни кадри
4. Вработување на потребни кадри (дефинирани во студијата, преку јавен и транспарентен процес -дигитална општина)
5. Реорганизирање (преквалифилкација, предвремено пензионирање, соработка со бизнисот, спин-оф бизниси итн)
6. Следење на долгорочниот план за вработување зависно потребите
Подносител: Доц Д-р Златко Бежовски
Оценки
Сè уште нема оценки.