Политички Консензус за Стратешки Проекти за Градот

(1 оценка)

Главните стратешки проекти од долгорочен интерес за градот и општината бараат многу време, ресурси, јавни дебати и широк консензус помеѓу политичките партии но и граѓаните. Ваквите проекти тешко дека би се завршиле во еден градоначалнички мандат и затоа градоначалниците се занимаваат со „крпи-залепи“ проекти со цел евтино да ги купат гласачите до следните избори а притоа без да влезат во ризици од незавршување на проектот, собирање на политички поени од опозицијата и незадоволни граѓани.

За проекти кај кои може да се јават недоразбирања, незадоволни групи на граѓани, интересни групи, кај осетливи проекти, различни приоритети, различни пристапи при спроведување и сл. мора да постои консензус. Вакви проекти биле и ќе бидат: „Затворање на едносмерната за сообраќај“, „Дислокација на администрацијата од  центарот на градот“, „Изградба на нов Бизнис и Административен центар“, „Дислокација на стадионот“, „Дислокација на автобуската“, „Дислокација на дивата ромска населба на крајот на партизанска“, „Трајно решавање на проблемот со кучињата скитници“, „Работење/затворање на зоолошката градина“ итн.

За да се постигне ваквиот политички консензус потребно е пред избори, главните политички чинители да седнат на маса и да потпишат договор дека во рок од една година ќе донесат консензус по сите клучни стратешки прашања за градот. Бидејќи политичките партии тешко се договараат и имаат различни ставови кога се во опозиција и на власт „Порталот за Идеи“, пренесен под ингеренции за општината значително ќе помогне да се испеглаат ставовите на политичките партии бидејќи главниот збор за проектите и приоритетите ќе може да го имаат граѓаните.

Буџет: 0 (нула) денари

Рок: Предизборно обврзување – Веднаш, Постигање консензус – 1 година

Предлагач: Златко Бежовски

1674

1 оценка за: Политички Консензус за Стратешки Проекти за Градот

  1. Aleks

    Moze da se kaze edna od najdobrite idei za sa problemite se resat na dolgorocen plan,

Оценете го предлогот.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.