Портал за Идеи + Дигитална општина
Целта на „Порталот за Идеи“ е да им овозможи на граѓаните на Штип на организиран начин да даваат идеи за подобро работење на општината во нивен интерес. Секоја идеја ќе биде ставена на тест на граѓаните, дури и оние кои се во програмата на кандидатот за градоначалник. Секој ќе може да ги оценува и коментира идеите. Врз основа на идеите и оценките од граѓаните ќе може да се креираат приоритетите во работењето на општината. Освен Веб апликација може да се изработи и мобилна апликација со систем за нотификации поголем одзив на граѓаните
Напомена: Оваа идеја идеално се надоврзува на проектот за Дигитална општина и Green App наваеден во програмата на кандидатот за градоначалник Иван Јорданов.
Порталот за Идеи веќе можеме и да го сметаме како првото исполнето ветување на кандидатот за градоначалник на Штип, Иван Јорданов, но откако тој ќе го освои мандатот истиот, тој ќе стане дел од општинскиот сајт и ќе се надгради а покрај можностите за оценување и коментирање ќе се дополни со параметри како приоритет и буџет. Дополнитело ќе се подобрат критериумите за рангирање и ќе се овозможи афтентикација на корисниците за да имаме поверодостојни резултати од изјаснувањето.
За да се опфати поголем дел од населението, особено
Рок: Веднаш /Надградба 6 месеци/ мобилна апликаија 24 месеци
Предлагач: Златко Бежовски
Оценки
Сè уште нема оценки.