Шеталиште на Едносмерната
Со затворање на сообраќајот на Ул. Ванчо Прке (Едносмерната), Штип ќе добие урбан изглед и пристојно катче за прошетка, пазарење и дружење.
По затворање на сообраќајот улицата треба да се поплочи и да се постави соодветна урбана опрема (клупи, споменици, фонтани и сл.) како и да се засадат нови дрвореди.
Детален Опис
Оваа идеја е стара и редно време е истата да се реализира.
За разлика од многу градови во Македонија, Штип остана без шеталиште во централното градско подрачје ослободено од сообраќајниот метеж.
Овде граѓаните и посетителите ќе може да прошетаат, да пазарат и да испијат по едно кафе или пиво и едноставно да се дружат во центарот на градот на пристојо уредена локација.
Градот ќе добие многу, а единствено ќе се изгубат триесетина паркинг места.
Забелешка: За да не се намалат паркинг местата до максимум, паринзите карши НАМА и позади Домот на Културата може да останат отворени за сообраќај.
Снежана Санева –
Добро е и Штип конечно да добие пешачка зона .
Зоран –
… Браво за идејата, на Штип му потребно такво нешто.
Eme –
…Odlicna ideja
Darko –
…
DRAGAN –
…Super ideja…
Dragan –
…
Сашо –
…
Јовица –
…глупости, уште оваа уличка да ја затворат и кој знае од кај ке вртеме за да стасаме до дома, а овоа уличе може да се нарече пешачка зона само у село
Маринела –
… па да се продолжи линијата преку мост, кај кружниот, до Зимбако, од едната страна, и до црквата Св. Никола од другата страна, ама too good to be true.