Анализа за поставување на Фотонапонски сончеви системи за 10 Општински објекти

Цената на електричната енергија ќе се зголеми. Тоа ќе ги оптовари буџетите на опршинските институции. Наша цел е да се направат првични елаборати за 10 општински објекти на кои можат да се постават фотонапонски панели за производство на електрична енергија. Монтажата на овие сончеви системи зависи од локацијата, орентација на кров, електричната инсталација во самиот објект и командната табла идр. Нашето здружение има капацитет и искусен тим за да ја направи таа проценка. Потоа , врз база на техничката спецификација , ќе се знае број на сонечеви панели и друга опрема. Поседуваме оригинален софтвер PV SOL Premium преку кој точно се одредува ориентација на панелите, големината на инвестицијата, време на враќање на инвестицијата и многу други податоци кои се потребни за да се постави фотонапонски на точно одредена локација. Овој софтвер е најчесто применуван во цела Европа. Тој има и временска база на сончевата радијација за 10 год. на секоја локација во ЕУ. Имаме и искусен тим кој има работено на монтажи на термални и фотонапонски системи повеќе од 15 год.

 

Предлагач: здружение ЕКО СМАРТ село Стар Караорман Штип

1571
Категорија:

Оценки

Сè уште нема оценки.

Бидете прв што ќе даде оценка за идејата: Анализа за поставување на Фотонапонски сончеви системи за 10 Општински објекти

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.