Советување за личен развој и кариерен пат за средношколци

(5 оценки)

Кога јас бев средношколец во гимназијата многу мал дел од моите сокласници знаеа што сакаат да се запишат на факултет, а уште помалку знаеа зошто сакаат да се запишат и да започнат кариера во таа специфична струка. Јас се едуцирав 4 години во одредена област, во која имав само 1 месец работен стаж. Едукацијата ми помогна да го разберам општеството од поширок контекст, но имаше мало влијание врз моите практични вештини и моето секојдневно работење. Предлагам онлајн советување за личен и кариерен развој за средшколците во Штип со лиценцирани психолози, кариерни советувачи или лица кои студирале на топ 100 универзитети во светот. Ова советување би опфаќало 4 разговори и тоа:
1. Запознавање и генерално истражување на желбите на учениците
2. Утврдување на тоа кои се приоритетите на ученикот во следните 4 години
3. Учење на техники за тоа како да се избере помеѓу повеќе избори
4. Финален избор и сумирање на наученото. Доволно ќе бидат по 4 разговори со професионалец кој ќе помогне да се стигне до едуцирана одлука. Овој период од животот на секој е формативен и важен аспект за нашата личност и инвестицијата во младите носи долгорочни позитивни екстерналии од поширок општествен контекст.

 

Предлагач: Георги Михаилов

1587
Категории: ,

5 оценки за: Советување за личен развој и кариерен пат за средношколци

  1. Sandra

  2. Vane

  3. Sofija

  4. Ивона

    Одличен предлог!

  5. Suzana

Оценете го предлогот.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.