Енергетски ефикасна и естетска фасада на зградата Промаја

(3 оценки)

Зградата Промаја е една од постарите објекти во строгото централно градско подрачје, и од секогаш е претставувала симбол на Градот, со својата специфика и местоположба, со подвозникот низ кој што не можеш а да не пројдеш, од било каде и да доаѓаш и каде и да одиш. Зградата е стара одприлика 50-ина години, без енергетски ефикасна фасада, а тоа што нејзината позиционираност е север-југ, и изложеност на сите ветрови на една од повисоките точки во градот, греењето и ладењето на сите нејзини станари е максимално отежнато, со максимални потрошувачки на електрична и други видови енергија. Дополнително, нејзиниот надворешен изглед наликува како на некој станбен објект од времето на социјализмот, каде биле сместувани социјални случаеви и се само преживувало, а не живеело убаво и квалитетно. Со поставување на енергетски ефикасна фасада, освен тоа што сите нејзини станари ќе добијат значително поквалитетен живот, Градот ќе добие естетско “освежување” кое ќе биде забележително од далеку, и “Промајата” ќе остане негово одбележје и гордост. Претпоставувам дека постојат различни механизми како тоа финансиски би можело да се изведе (јавно, јавно-приватно партнерство, спонзорства, поставување на реклами-билборди, антени од телеком операторите итн итн)

 

Предлагач: Александар Ефтимов

1588
Категорија:

3 оценки за: Енергетски ефикасна и естетска фасада на зградата Промаја

  1. Кирил

    Одлична идеја за едно од најпознатите Штипски обележја. Браво за идејата.

  2. Мери

    Одлична и долгорочно исплатлива инвестиција,ја штити зградата од влага, пропаѓање и ја подига цената на становите.

  3. Мери

Оценете го предлогот.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.